Здравствената состојба на Пеле се влошува, тој останува во болница

by
1 минути читање

Пеле беше хоспитализиран поради слабо срце, но и вирусна инфекција, но најголемиот проблем е што ракот прогресира и Пеле ќе го мине Божиќ во болница. Од претходно беше објавено дека хемотерапиите не помагаат во лечењето на Пеле, но до вчера ситуацијата беше стабилна.

Според тоа што го објави конзилиумот, поради прогресот на ракот, лекарите стравуваат од можно откажување на бубрезите, како и проблемите со срцето, па поради тоа мора да остане под најголема лекарска грижа.

„Хоспитализиран на 29 ноември поради проценки за хемотерапијата поради туморот на дебелото црвево и респираторна инфекција, Едсон Арантес до Насименто покажува прогресија на онколошката болест и бара поголема грижа поврзана со бубрежните и срцевите дисфункции“, објавија од клиниката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани