„Здраво, јас сум Унаи Емери, како сте?“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал со една
победа и два порази ја стартуваше новата сезона од Премиерлигата, а во недела во
рамките на четвртото коло гостува кај Кардиф кој се уште нема освоено три бода.

Во пресрет на
неделното гостување, Унаи Емери имаше пресконференција на која одговараше на
новинарски прашања, но, во текот на истата еден од мобилните телефони на
новинарите заѕвони, а тој воопшто не се двоумеше да се јави и да поразговара.

„Здраво, јас сум
Унаи Емери, како сте? Ние работиме…“ беше дел од неговиот разговор со Џон
Спенсер, човекот кој ѕвонел на тој мобилен телефон, а сево ова ги насмеа
новинарите во прес центарот.

Не е прв пат да
проследиме една ваква ситуација за време на пресконференциите, а ќе се
потсетиме на една идентична од минатото каде Тијери Анри се реши да биде лицето
чиј е мобилниот телефон…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×