„Здраво јас сум голманот на Молдавија и примив 11 гола“

by 24 фудбал
1 минути читање

Норвешка ја декласираше Молдавија со убедливи 11-1, а дури пет од головите ги постигна ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Последнопласираниот тим во групата повторно ја покажа својата немоќ, но и покрај вистинскиот кошмар на теренот, голманот Кристијан Аврам успеа да остане насмеан и духовит.

Здраво, јас сум голманот на Молдавија и само што примив 11 гола“, беа првите зборови на Аврам во изјава за норвешките медиуми веднаш по натпреварот.

Интересно е тоа што тој откри и дека Халанд се извинил по секој погодок кој му го постигнал. „Секој пат кога ќе дадеше гол, ми се извинуваше. Ми рече дека не е негова вина и дека мора да постигнува голови поради гол разликата. Го разбирам“, изјави Аврам.

Норвешка со оваа победа продолжи со максимален ефект во квалификациите и по пет кола е лидер во групата со совршен учинок. Зад нив е Италија со шест бода помалку, но и со еден натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×