103
Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Дани Себаљос во наредната сезона ќе го носи дресот на Арсенал откако двата клуба постигнаа договор за позајмица.
Се работи за класична позајмица без опција за откуп во договорот на 22-годишниот фудбалер.
Ова е исполнување на желбата на Емери кој го посакуваше токму Себаљос, но Реал Мадрид не дозволи да има опција за откуп, тие само сакаа да го пратат на место каде што ќе игра и ќе стекнува искуство.
„Возбудени сме што Дани ни се приклучи. Тој е талентиран фудбалер со голема техничка способност, креативност и визија“, изјави Емери.