Зборуваше за предавство на Коларов, а сега направи трансфер по кој и брат му се откажа од него!

by
1 минути читање

Во центарот на вниманието денеска е Мауро Зарате, фудбалерот кој го критикуваше Коларов дека е предавник кога потпиша за Рома, а претходно имаше играно за Лацио.

„Можеше да отиде било каде, можеше да се врати во Лацио, но тој отиде во Рома. Јас тоа никогаш не би му го направил на својот клуб“, изјави тогаш Зарате.

А сега за фудбалерот кој ја даде таа изјава стигнуваат интересни информации од Аргентина.

Зарате играше на позајмица во аргентинскиот Велез и одби да остане во тој клуб каде што и ја почна како дете, наместо тоа потпиша за Бока.

Навивачите реагираа очекувано, палеа негови дресови и го навредуваа. Но она што е интересно е што од него се откажа и неговиот брат кој му беше и агент.

„Никој не знаеше каква намера има, ова е удар во срцето, не само за мене, туку и за целата фамилија. Никој не знаеше што ќе направи, не верувам дека е свесен што направи. Јас веќе немам брат“, изјави Роландо Зарате за аргентинските медиуми.

Мауро Зарате на социјалните мрежи напиша дека ова му било животна шанса и дека нема никаква врска со парите. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани