Заврши Светското за еден бразилски фудбалер

by
1 минути читање

Бразилскиот бек на Манчестер Сити, Данило го повредил зглобот на тренинг и нема да може да помогне во преостанатиот дел од Светското првенство. 

Данило играше на првиот натпревар на Светското првенство по што заработи мала повреда поради која не беше на располагање на следните дуели.

Се очекуваше бекот да се врати во оваа фаза од натпреварувањето, но го повреди зглобот на вчерашниот тренинг и за него првенството е завршено.

Тите ќе продолжи со Фагнер на десната бековска позиција кој беше замената за Данило по првиот меч.

Бразилците немаат среќа со десните бекови откако пред почетокот на Мундијалот се повреди Дани Алвеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани