Заврши сезоната за Зарате

by
0 минути читање

Зарате во јануарскиот преоден рок дојде како големо засилување за Ватфорд од Фиорентина, но неговата авантура завршува по само три одиграни натпревари.

На вчерашниот меч против Вест Хем, Зарате заработи повреда на вкрстените лигаменти за која се потребни најмалку шест месеци пауза.

„Ви благодарам на сите за пораките, ова е ужасен момент за мене. Ќе се соочам со ова со сета сила која ја имам и ќе се вратам уште посилен“ – изјави Зарате.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани