Заврши сезоната за капитенот на Дерби, се опијаниле со соиграчите и направиле тешка сообраќајка

by
1 минути читање

Фудбалерите на
Дерби во вторникот се собрале на тимска вечера, а неколкумина решиле да се
опуштат малку повеќе и продолжиле да пијат до полноќ.

Ваквата одлука на
крајот се покажала катастрофална откако Мартин Лоренс со својот Рејнџ Ровер
удри во бандера, а потоа се судрил и со Мерцедесот на соиграчот Мејсон Бенет.
Двајцата поминале без повреди, но настрадал капитенот Ричард Киох, кој има
сериозна повреда на коленото и за него сезоната заврши.

Лоренс и Бенет
биле приведени, против нив е покренато обвинение дека возеле во алкохолизирана
состојба и следниот месец ќе треба да се појават на суд.

Дерби го осуди
инцидентот и најави ригорозни казни: „Мала група фудбалери, во која бил и
нашиот капитен Ричард Киох, продолжиле да пијат во ноќта. Требале да знаат кога
е доста, а исто така ја игнорирале и можноста да бидат пренесени дома со
автомобили кои им ги обезбеди клубот“.

„Играчите
инволвирани во овој немил настан се под интерна истрага и на дисциплинска
постапка. Знаат дека ќе платат голема цена за своите постапки, но и дека ќе ја
добијат потребната поддршка за да се рехабилитираат и вратат во тимот“.

Дерби лани играше
плеј-ов за враќање во елитата, но на стартот од оваа сезона резултатите се
далеку под очекувањата со само една победа на осум натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×