Завршија деновите кога ПСЖ се расфрлаше со пари, на кого не му се допаѓа слободно може да си оди

by bojan
1 минути читање

„Светците“ вртат нова страница, нема повеќе да се расфрлаат со пари за да ги привлечат најдобрите, и секој што не е среќен, може слободно да си оди.

ПСЖ долги години бркаа успех со инвестирање на огромни суми, што во трансфери, што во плати, оваа формула им помогна во тимот да ги имаат Лео Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

Но откако ваквиот пристап не им донесе ништо, „светците“ свртеа нова страница и сега имаат нова политика – повеќе нема да се расфрлаат со пари, и секој што не е среќен, може слободно да си оди.

Минатото лето, Џиџо Донарума не ги прифаќаше понудените услови за нова соработка, голманот бараше големи суми, па ПСЖ го продаде на Манчестер Сити.

Сега слична е ситуацијата со Осман Дембеле, напаѓачот почна да лета во облаци откако ја освои „Златната топка“, па побара огромна плата.

Но Ал Келаифи и неговите соработниците не помислуваат да му ги исполнат желбите, и доколку Французинот не се коригира, ќе му биде покажана вратата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×