Заврши чекањето долго година дена, Челси го промовираше „Месињо“

by bojan
1 минути читање

Челси вечерва го потврди пристигнувањето на еден од најдобрите млади играчи во светот, Естевао Вилијан потпиша со „сините“ до јуни 2033 година.

Клубот од Стемфорд Бриџ пред 14 месеци го договори Естевао Вилијан, но се чекаше Бразилецот да наполни 18 години за да ја започне авантурата во Лондон.

„Сините“ вечерва го потврдија пристигнувањето на популарниот „Месињо“, кој доаѓа од Палмеирас во зделка вредна 34 милиони евра, плус додатни 27 милиони евра во бонуси.

„Многу сум среќен, Челси е еден од најголемите клубови во светот. Се надевам дека на најдобар можен начин ќе му помогнам на тимот“ – вели Естевао Вилијан, кој стави потпис на договор до јуни 2033 година.

„Многу сум возбуден, ова е ново искуство во мојот живот, нова етапа во кариерата. Со нетрпение чекам да ја почнам авантурата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×