Роналдињо заглави
зад решетки во Асунсион откако со фалсификувани документи влезе во Парагвај.
Затворот каде што тој е семстен, наскоро ќе одржи турнир во мал фудбал на кој учествуваат
затвореници но и чувари над 35 години.
Локалните медиуми
сега пренесуваат дека затворениците се „тепаат“ за Бразилецот и пристигнуваат
многу понуди на адреса на поранешниот фудбалер на ПСЖ, Барселона и Милан.
Според новинарот
Иван Легизамон, доколку популарниот Дињо прифати да игра, тој не смее да постигнува
голови. Тоа е единствениот услов кој го поставиле затворениците. Секако,
Бразилецот добро се насмеал кога му било кажано ова „строго“ правило.
Се шпекулира дека
тимот кој ќе победи на турнирот, како награда добива гозба и печено прасе од 16
килограми.