Затвор? Екстрадиција?… Што го чека Робињо по пресудата во Италија?

by
1 минути читање

Судот во Милано вчера донесе пресуда според која Робињо е виновен за групно силување и Бразилецот доби затворска казна од 9 години.

Напаѓачот се нема огласено, а неговиот адвокат само накратко прокоментира дека Робињо е невин.

Експертот Доривал Гимараеш за Глобоеспорте објасни каква е ситуација, истакна дека животот на Робињо продолжува нормално и големи се шансите тој никогаш да не заврши зад решетки.

„Во моментов тој нема да заврши во затвор. Како прво, пресудата не е конечна, тој има право на жалба и пресудата може да биде преиначена. Како второ, пресудата во Италија нема некоја посебна вредност во Бразил“ – вели Гимараеш.

Во случај и конечната пресуда да биде затворска казна, Робињо е на сигурно доколку не го напушти Бразил бидејќи Бразил не ги екстрадира своите жители кои се родени во Бразил.

„Доколку конечната пресуда е затворска казна, Италија ќе треба да испрати барање за екстрадиција до друга земја, но не и до Бразил. Уставот не дозволува да се екстрадира жител кој е роден во Бразил. Во пракса, Робињо продолжува со нормалниот живот. Нема да има никакви ограничувања околу неговата слобода“.

Запрашан за можноста Италија да побара Робињо да ја отслужи затворската казна во Бразил тој додава: „Тоа може да се случи само во специјални случаи, но ретко во ваков случај. Може само да плати казна и обесштетување за жртвата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани