Англискиот првак
Манчестер Сити почна одлично за време на претсезонските подготовки, со 4-1
славеше над Вест Хем во битката за трофејот од „Премиерлига Азија Трофеј“, а
шефот на стручниот штаб на Граѓаните уште еднаш потврди зошто за многумина е
перфекционист во својата професија.
Манчестер Сити
настапи секако во комбиниран состав, шанса добија речиси сите фудбалери, меѓу
кои и 22 годишниот фудбалер од средниот ред, Алеиш Гарсија, Шпанецот кој летово
се врати во Манчестер откако му истече позајмицата во Џирона.
Гарсија во 69.
минута влезе на местото на новајлијата Родри, а Пеп по крајот на мечот не
можеше да се воздржи и да почека своите совети до Гарсија да му ги подели во
соблекувалната, тоа го стори на теренот гестикулирајќи му за неговите грешки и
упатувајќи му совети, на што самиот фудбалер позитивно одговори на сево ова.
Guardiola will teach you — Pep talk for Aleix Garcia #Pep pic.twitter.com/zsKDQBzBvP
— The Pep (@GuardiolaTweets) July 18, 2019