Затоа Јуве доминира во Италија, прибрани преку 150 милиони евра од играчи кои практично не го облекле „бело-црниот“ дрес

by
3 минути читање

Во сезоната 2006
се случи „Калчополи“ скандалот по кој Јувентус беше испратен во Серија Б. На
„Бјанконерите“ им требаше неколку години за да ги консолидираат редовите и
повторно да доминираат во Калчото.

Се започна во
2010 кога Андреа Ањели беше избран за претседател, а Бепе Марота беше донесен
за генерален директор задолжен за спортскиот дел односно трансферите. Бепе
Марота со себе го повлече и Фабио Паратичи (сегашниот спортски директор) кој
доби улога на прв човек на скаутите.

Па полека почна
да се гради тимот кој сега има осум Скудета во низа и уште пред да почне
сезоната, многумина веќе го гледаат како нов шампион.

Одличните потези
на трансфер пазарот и новиот стадион придонесоа Јувентус да биде далеку помоќен
од другите клубови во Италија. И додека Интер, Милан, Рома и Наполи треба да
внимаваат колку трошат (Интер и Рома со години се под лупа на УЕФА, а Милан
неодамна беше казнет и исфрлен од Европа) и често да жртвуваат ѕвезди за да ги
балансираат сметките, „Старата дама“ нема вакви проблеми. И не само тоа,
„Бјанконерите“ се толку моќни што лесно можат да ги купат најдобрите играчи на
ривалите. Миралем Пјаниќ беше донесен од Рома, Гонзало Игуаин од Наполи а сега
се мерка Мауро Икарди од Интер.

Минатото лето
беше реализиран најголемиот трансфер во Калчото и Јувентус го купи Кристијано
Роналдо од Реал Мадрид за 112 милиони евра. И додека многумина мислеа дека ќе
биде жртвувана ѕвезда за да се финансира овој трансфер, „Старата дама“ ги
задржа најдобрите играчи.

Парите беа
прибрани од фудбалери кои речиси никогаш да не го облекле „бело-црниот“ дрес.
Изминативе 12 месеци, Јувентус инкасираше преку 150 милиони евра од продажба на
фудбалери како Спинацола, Калдара, Аудеро, Мандрагора, Стураро, Орсолини и
Чери.

Најголемиот дел
од овие имиња ретко добиле шанса во првиот тим и биле праќани на позајмица.
Спинацола има само со 10 натпревари за Јувентус во Серија А, Аудеро
и Мандрагора имаат по еден меч, Калдара, Орсолини и Чери ниту еден а најголем
стаж има Стураро кој може да се пофали со дури 64 средби.

Нивната продажба
донесе и голема капитална добивка, па финансискиот извешта лесно ќе ги задоволи
параметрите на УЕФА за ФФП, и ќе му даде простор на раководството за
инвестување во ново засилувања.

Арон Ремзи и
Адриен Рабио веќе потпишаа како слободни играчи, а се очекува наскоро да биде
реализиран и трансферот на Матајс де Лихт, кој треба да биде големо засилување
од типот на Кристијано Роналдо. Пол Погба е уште една голема желба, која може
да се исполни благодарејќи на одличната работа на лидерите на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани