Затоа Алегри збеснал, па брутално го навредил: Погледнете што направи Фабрегас (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Милан вчера ремизираше 1-1 со Комо во Серија А, а на натпреварот на „Сан Сиро“ дојде и до жестока расправија помеѓу двајцата тренери, Масимилијано Алегри и Сеск Фабрегас.

Инцидентот започнал во 80. минута, кога Фабрегас го повлекол фудбалерот на Милан, Салемакерс, додека овој се подготвувал да изведе слободен удар по досуден прекршок за домашниот тим.

Бесниот Алегри веднаш тргнал кон клупата на гостите, по што настанала вербална пресметка. Ситуацијата ескалирала до тој степен што стратегот на „росонерите“ заработи црвен картон, додека Фабрегас помина без санкција.

По натпреварот, пред телевизиските камери, Алегри порача дека „тренер не смее така да се однесува“, алудирајќи на потегот на својот колега. Фабрегас, пак, јавно се извини на теренот, а истото го повторил и на прес-конференцијата.

Но, драмата не завршила тука. Според италијанските медиуми, кога Фабрегас ја напуштал салата за прес-конференции, се сретнал со Алегри, кој во тој момент доаѓал да се обрати пред новинарите. Тогаш следувал нов жесток напад.

„Шу..к, ти си шу..к! Незрел човек кој вчера станал тренер“, наводно извикувал Алегри, пренесува „Тутомеркато“.

Натпреварот заврши без победник, но тензиите меѓу двајцата тренери очигледно ќе одекнуваат уште долго на Апенините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×