Засилувањата на Јувентус разочараа: Фудбалерите од 70 милиони евра имаат само еден гол и две асистенции

by Стефан
1 минути читање

Јувентус потроши 70 милиони евра на засилувања во летниот преоден рок, но новите фудбалери досега сезонава имаат само еден гол и две асистенции, што предизвика разочарување кај навивачите.

Новите фудбалери на „старата дама“ не успеваат да ги оправдаат очекувањата, па тренерот Лучијано Спалети ќе мора да најде начин да ги „оживее“ на теренот, бидејќи нивниот учинок е далеку под очекуваното.

Канадскиот репрезентативец Џонатан Дејвид досега има само еден гол и една асистенција, додека втората асистенција ја запиша Жоао Марио. Луис Опенда не погодил веќе седум месеци, а Дејвид последен пат се запиша во листата на стрелци уште на своето деби во Серија А во август, пред 77 дена.

Жоао Марио започна само три од 15 натпревари и ниту еднаш не одигра 90 минути. Истовремено, Алберто Коста, кој летово замина во Порто како дел од размена со Јувентус, оваа сезона блеска со седум асистенции на 15 натпревари.

Под водство на Спалети, Опенда е единственото ново засилување што започнало натпревар како стартер.

Косовскиот репрезентативец Едон Жегрова пак одигра само 4% од можните минути под водство на поранешниот тренер Игор Тудор, и 16% под Спалети, но италијанскиот стратег изјави дека има целосна доверба во него и верува дека наскоро ќе се врати во препознатливата форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×