Не е нешто
непознато грубата игра која знае да ја примени на терените Вејн Руни, а тој
можеше да му нанесе сериозна повреда на младиот 21 годишен уругвајски напаѓач
Диего Роси во пресметката помеѓу ДЦ Јунајтед и Лос Анџлес.
Руни во 50.
минута најпрво ја загуби топката која ја имаше во свој посед, таа стигна до
Роси кој веднаш тргна со истата а Англичанецот со еден хорор старт врз него
можеше да му нанесе тешка повреда.
Главниот арбитар
на мечот најпрво му додели жолт картон на Англичанецот, веднаш потоа се
консултираше со ВАР технологијата, а по прегледувањето на снимките утврди дека
станува збор за директен црвен картон.
Домаќините имаа
фрустрирачки меч пред своја публика, а Лос Анџелес си замина со убедлива победа
од 0-4 во МЛС, во која Роси учествуваше со хет-трик, а еден гол постигна и Карлос Вела,
кој на мечот и промаши во обидот од белата точка.