Поранешниот репрезентативец на Франција, Јан Мвила отворено проговори за периодот кога се мачел со депресија и покрај тоа што заработувал околу 500.000 евра секој месец.
Во последно време, се поголем број на фудбалери отворено говорат за анкциозност и депресија, последен кој го сподели своето искуство е Јан Мвила.
„Не можам да кажам дека парите не ви носат среќа бидејќи ви го олеснуваат животот, но парите не се се“ – вели поранешниот репрезентативец на Франција, кој сега настапува во Каен.
„Во тоа време, заработував 500.000 евра месечно, за два месеци милиони имав 1 милион евра на сметка. Но седев во соба, имав депресија. Парите не ми помагаа, имав панични напади, бев анкциозен. Дури не можев да се качам и во авион“.
„Пробав јога, пиев апчиња, навечер дури дукторот ми „удираше“ инекција за да можам да се смирам, да заспијам“.
Овие епизоди траеле месец-два, и се случиле во сезоната 2016/17, кога Јан Мвила беше дел од Рубин Казан.