Заработуваат десетици милиони а се скржавци, фудбалерите од Премиерлигата останаа глуви на повикот од Мата

by
1 минути читање

Шпанецот летоска
ја лансираше иницијативата „Комон гол“,  ветување дека ќе донира најмалку 1% од својата плата во
хуманитарна организација.

Тој ги повика
колегите фудбалери да му се придружат, но одзивот е прилично слаб.

Од звучните имиња
кои тоа го сторија се само само Матс Хумелс и Џорџо Кјелини, а на ицијативата се
приклучија и Германците, Серж Гнабри и Денис Аого, Австралиецот Алекс Броске, како и две фудбалерки од САД, Алекс Морган и Меган Рејпино.

Што е уште
пожално, во иницијативата не се приклучи ниту еден играч од Премиерлигата, каде
платите се драстично поголеми во однос на останатиот дел од Европа, а да не
зборуваме за светот.

Хуан Мата се
претпоставува дека заработува околу 7 милиони фунти годишно, па значи дека тој
ќе треба да одвои 70.000 фунти, плата која ја заработува за половина недела.

Истото важи и за
сите други играчи, треба да се откажат од сума која ќе ја заработат со
појавување на тренинг три-четири дена во неделата, но очигледно парите повеќе
им се трошат на скапи автомбили, забави и луксузна облека и часовници наместо
на тоа да им помогнат на оние кои најмногу им треба.

Сепак, Хуан Мата
не губи надеж и вели дека најверојатно неколку соиграчи до Манчестер јунајтед
ќе му се придружат. „Веројатно следната недела ќе можам да соопштам големи и
добри вести
.

„Убеден сум дека
некои од моите соиграчи ќе се приклучат. Треба само да одржиме детални
разговори за да им објаснам подобро што се обидуваме да направиме
.

„Треба да бидеме
трпеливи. Убеден сум дека ќе се приклучат голем број играчи ширум светот
.

„Се надевам дека
првиот од Англија ќе го добиеме веќе следната недела
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×