Запата: И јас самиот не знам како го дадов голот против Интер (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Дербито на Милано
во саботата имаше драматична завршница, Милан се врати од 2-0 негатива за во
седмата минута од судиското надополнување да изедначи на 2-2.

Херој за гостите
беше дефанзивецот Кристијан Запата, кој најдобро се снајде по крнерот во 97.
минута и донесе голема радост за „Росонерите“.

„И јас самиот не
знам како го дадов голот
– вели Колумбиецот во разговор со ТВ каналот на Милан. „Се фрлив и
видов како топката влегува во гол
.

„Можеби ја удрив
со потколеница, можеби малку ја закачив со стапалото
.

Кристијан Запата
исто така открива дека дресот му го подарил на Јонгхонг Ли, кој од трибините за
прв пат ги следеше „Росонерите“ како нов сопственик на клубот.

„Барем ќе го
запамети моето име!

со насмевка на лицето вели дефанзивецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани