Запалени алармите во ФИФА: Навивачите откажуваат билети

by 24 фудбал
1 минути читање

Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, сè почесто се соочува со критики и незадоволство, иако турнирот сè уште е далеку од почетокот. Наместо очекуваната еуфорија, во јавноста доминираат информации за проблеми кои ја нарушуваат сликата за најголемиот фудбалски настан досега.

Според странските медиуми, околу 17.000 навивачи во краток период се откажале од веќе купени билети, што наводно предизвикало загриженост во ФИФА. Најмногу реакции доаѓаат од Европа и Јужна Америка, каде навивачите изразуваат страв и несигурност поврзани со патувањето во Соединетите Американски Држави, поради политички и социјални тензии.

Паралелно со тоа, се појавуваат и повици за бојкот на првенството, со пораки за атмосфера на страв и недоверба кон организацијата. Дополнителен револт предизвикува и ценовната политика, бидејќи навивачите тврдат дека со високите цени ФИФА се оддалечува од обичната публика.

Според проценките, навивач кој би ја следел својата репрезентација до финалето би можел да потроши и до 7000 долари само за билети, што дополнително го зголемува незадоволството пред стартот на турнирот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×