Заноли со убав гол го „реши“ Удинезе (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Џенова со минимални 1-0 славеше победа над Удинезе во рамките од 31. коло во Серија А.

Моментот на одлука во натпеварот се случи во 77-та минута кога Заноли со една „бомба“ ја погоди мрежата на Удинезе.

Удинезе во финишот преку Модесто ја затресе мрежата, меѓутоа по реакција на ВАР погодокот беше поништен поради недозволена позиција.

На табелата по овие три бода Џенова со 38 бода е на 12-тата позиција, додека Удинезе е точно на средина со два бода повеќе.

Поништениот гол и погодокот на Заоли можете да ги погледнете – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани