Жанко Савов е нов тренер на Осогово

by
1 минути читање

По очајниот старт на новата сезона во која имаат четири порази од четири натпревари, Осогово прави сериозни промени. Најпрво потпиша со Ацо Стојков, а сега како тренер го носи Жанко Савов.

Жанко Савов како играч е трикратен освојувач на титулата на Македонија со тимот на Вардар со кој на два наврати го освои и Купот, а еднаш и со тимот на Цементарница. Покрај за Вардар и Цементарница,во Македонија има настапувано и за Беласица и Пелистер. На интернационална сцена настапуваше во Јужна Кореја за тимот на Џонбука, како и за Раднички Ниш од Србија.

Како тренер има работено во  Цементарница55, Маџари Солидарност, Борец Тетекс, Македонија Ѓорче Петров, Победа Валандово и Детонит Радовиш како негов последен ангажман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×