Заниоло немаше најдобра разделба со Рома која му даваше голема поддршка во сезоните кога беше повреден. Италијанецот наместо да го продолжи договорот, заврши во Галатасарај, а платата која ја добива, не е поголема од таа која му ја нудеше Рома.
Но, како и да е, Заниоло напиша добра порака за збогум од Рома.
„Дојдов кај тебе и ти ме пречека како дома. Направи да созреам, ми даде шанса која јас се трудев да ја искористам давајќи се од себе, секогаш почитувајќи ја историјата која што ја претставуваш, борејќи се за твоите бои, потејќи се за дресот секогаш кога ќе го облечев.
Ова патување е создадено од уникатни емоции кои ќе ги носам засекогаш, како она на 25. мај минатата година, тој гол, тој пехар… за сите нас.
Многу е кажано, премногу, но сега кога стигнавме до збогум, сакам да ви кажам нешто…
Ми беше чест“, напиша Заниоло.