Заниоло херој на Удинезе, прв калчо пораз за Аталанта (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Аталанта ја заврши серијата без на тешкото гостување во Удине, каде што домашниот состав успеа да слави со 1-0 во рамките на десеттото коло од Серија А.

Тимот на Коста Руњајиќ го реши натпреварот уште во првото полувреме преку Николо Заниоло, кој во 40. минута погоди за конечен резултат и го впиша својот трет погодок во сезоната.

Иако Аталанта имаше контрола врз топката, не успеа да ја материјализира теренската иницијатива, додека Удинезе преку брзи трансформации создаде неколку зрели шанси. Сепак, резултатот не се менуваше во вториот дел и бодовите останаа на „Фриули“

По овој натпревар, Удинезе има 15 бодови и се искачи на средината од табелата, а Аталанта со првиот пораз сезонава падна на единаесеттата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×