Потпретседателот
на Интер, како и легенда на тој клуб, Хавиер Знаети не верува дека Мауро Икарди
би се вратил во клубот, меѓутоа уверува дека го гледа Лаутаро Мартинез во
клубот и во иднина.
Се’ поизвесно е дека Икарди ќе си замине од ПСЖ
по крајот на актуелната сезона, таму настапува како позајмен од Интер, а тоа би
значело дека „Нероаѕурите“ повторно би имале во својот состав фудбалер кој не е
во плановите на тренерот Антонио Конте.
Од друга страна,
голем е интересот за Лаутаро, се верува дека Барселона е прв избор за
Аргентинецот кој на лето има откупна клаузула од 111 милиони евра, сума која
веројатно е примамлива за гигантите, но Занети го гледа својот сонародник и
идната сезона во Милано.
„Во овие моменти
ние не размислуваме за преодниот рок, најважното нешто во моментов е здравјето
на луѓето“ вели Занети за „ЕСПН“.
„Не знам дали
Икарди ќе се врати, не мислам дека ќе имаме такво сценарио, но, ќе имаме време
да размислиме на таа тема“ додава тој, а потоа се префрли и на ситуацијата со
Лаутаро.
„Лаутаро го
гледам во Интер, тој веќе се идентификуваше со клубот, ние веруваме во него,
јас неговата иднина ја гледам во овој клуб“ заклучи Занети.