185
„Баварците“ беа
на пат да прокнижат нова победа откако на полувреме имаа предност од 2-0 против
Волфзбург со погодоците на Левандовски и Робен.
Но гостите се
вратија во игра благодарејќи на Свен Улрајх, кој застана помеѓу стативите по
повредата на Мануел Нојер.
Голманот во 56.
минута реагираше како аматер и дозволи слободниот удар на Арнолд кој
одеше директно во него, некако да заврши во мрежата.
„Волците“ се
осоколија по овој погодок и до крајот стигнаа до 2-2 преку Дидави и му откинаа
два бода на фаворитот.
Па Свен Улхрајх
ги запали социјалните мрежи и доби еден куп критики со оглед на тоа дека
Волфзбург упати само три удари во рамките на голот, и погоди два пати.