Сон ќе биде вон
комбинација за Тотнем во следните три меча од Премиерлигата, ова и официјално е
потврдено откако дисциплинската комисија ја одби жалбата на тимот од Лондон по
црвениот картон на Кореецот во градското дерби со Челси.
Сон беше исклучен
во второто полувреме во дуелот со Челси при резултат 0-2, кој остана до крајот
на пресметката од дербито, а причина за таквата одлука на главниот арбитар
Ентони Тејлор по консултација со ВАР, беше обидот на Сон да го удри со
копачките Рудигер при еден дуел.
Во ВАР собата по
неколкуте прегледувања на снимките од таа ситуација утврдија дека станува збор
за црвен картон кој веднаш му беше доделен на офанзивецот на Тотнем, а клубот
од Лондон иако упати жалба, истата е веќе одбиена.
По последната и
дефинитивна одлука, Сон ќе биде вон комбинација за настап против Брајтон, Норич
и Саутемптон.
Ова е трет црвен
картон за Сон годинава, претходно беше исклучен поради ударот кон Лерма во
дуелот со Борнмут ланската сезона, а беше исклучен и поради дуелот со Гомеш во
ноември кога настрада ногата на Португалецот која се здоби со скршеница, а во
последната ситуација жалбата на Тотнем беше прифатена поради тоа што снимките
утврдија дека тој нема главна вина за повредата на фудбалерот на Евертон.