Закажан терминот за дербито помеѓу Пелистер и Вардар!

by Стефан
1 минути читање

Во македонскиот фудбал веднаш по репрезентативната пауза ќе се игра дербито помеѓу Пелистер и Вардар во рамките од 25. коло во ПМФЛ.

Претходно постоеа најави дека дербито може да се игра и во вечерен термин како што беше случај и со претходното гостување на Вардар во Битола, но сепак нема да биде така.

Дербито е закажано за 29 март (сабота) од 15:00 часот.

Пелистер во Битола на последната пресметка славеше 1-0, а човек на одлука беше Мирко Ивановски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани