255
ФИФА им дозволи на клубовите да не ги пуштат своите фудбалери ако сметаат дека не треба поради пандемијата на ковид-19.
Речиси сите земји од Јужна Америка се на црвената листа во Велика Британија, па англиските клубови веќе најавија дека нема да ги пуштат играчите да патуваат таму бидејќи кога ќе се вратат во Англија ќе треба да одат во изолациија.
Нема да биде поразлично и во клубовите од другите европски земји, па КОНМЕБОЛ по барање на ФИФА ги одложи натпреварите кои требаше да се игираат во март.
Од Европа засега проблем е само Португалија, но можно е оваа земја да го смени местото за домаќин, па фудбалерите воопшто да не отпатуваат таму.