Закани или добра стратегија? Како Манчестер јунајтед го победи Реал за потписот на Лени Јоро

by bojan
2 минути читање
Јоро

Манчестер јунајтед синоќа потпиша со перспективниот Лени Јоро од Лил, дефанзивецот ќе стане еден од најскапите тинејџери во Премиерлигата откако „ѓаволите“ решија да инвестираат 52 милиони фунти, плус бонуси.

18 годишниот Лени Јоро ова лето беше на мета на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, се говореше дека неговиот сон е преселба на Сантијаго Бернабеу, но синоќа потпиша за „ѓаволите“.

Двата клуба се решија за поинаков пристап, „кралевите“ не сакаа да слушнат да платат 50+ милиони за фудбалер кој има само уште една година од договорот, па се обидоа да играат на картата да го добијат беспари следното лето, или пак за сума од 30+ милиони евра ова лето.

Манчестер јунајтед пак не сакаше да штеди за да ја победи конкуренцијата и понуди преку 60 милиони евра (околу 52 милиони фунти) за веднаш да стигне до перспективниот дефанзивец.

Откако двата клуба ги отворија картите, Лени Јоро чекаше една недела и на крајот одлучи да се пресели на Олд Трафорд.

Една страна на приказната вели дека момчето се решило на ваков чекор откако добил закани од Лил дека цела сезона ќе дреме на клупа доколку не прифати трансфер во Манчестер јунајтед, и калкулира за беспари да заврши во Реал Мадрид.

Но другата страна на приказната вели дека Лено Јоро бил импресиониран од „ѓаволите“, му се допаднало колку тие силно притиснале за неговите услуги, како убедливо пристапиле во разговорите со него и неговото семејство, проектот кој му го презентирале и планот за развој, и секако, високата плата која му ја понудиле.

Можеби има одредена вистина и во двете приказни, но едно е јасно Манчестер јунајтед купи фантастичен дефанзивец, кој може долги години да биде столб во нивната одбрана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани