Зајков: Изгинавме сите на теренот, ова е голем бод за Македонија!

by riste
1 минути читање

Македонија со голем бод се враќа од Гент, останавме непоразени против Белгија и ги задржавме шансите за пласман на Светското првенство.

Еден од најдобрите на натпреварот беше Ѓоко Зајков кој заедно со останатите делуваше беспрекорно во одбраната.

„Одигравме храбро и дисциплинирано во одбрана, се разбира дека не можеме против ваков противник секогаш да се надигруваме. За мене ова е многу голем бод, игравме на гости со Белгија. Но мораме да ги спуштиме нозете на земја, имаме уште еден важен натпревар за три дена во кој мораме да освоиме три бода, ако сакаме да одиме на Светско. Не, бевме само ние тројца во одбрана и Столе, тука беше средината и нападот, сите изгинавме. Кога се игра за Македонија, се остава срце на терен за на крај се да испадне како што треба“, рече Зајков.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×