Зајков и Елмас: Шпанија е предизвик, одговорност но и уживање

by
2 минути читање

Младинската
фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 годишна возраст во
сабота го игра историскиот меч против Шпанија, прв на Европското Првенство за
млади фудбалери кое се одржува во Полска.

Од нашиот состав
пристигнува позитивна атмосфера, која ја споделуваат еден од капитените на
нашиот тим, Ѓоко Зајков и неговиот колега од репрезентацијата Елиф Елмас, и
двајцата се едногласни дека противникот е силен, дека е тоа голем предизвик за
нив, но издвојуваат дека се подготвени да се справат со истиот.

Шпанија е
една од најквалитетните репрезентации, индивидуално се одлични, но ние сме 100
отсто мотивирани и го чекаме денот на натпреварот. Кај фудбалерите гледам насмевка на лицата, а тоа е само по
себе е позитивно. Знаеме дека мораме да држиме високо ниво на игра во текот на
целиот натпревар и да бидеме дисциплинирани. Ова е прв натпревар за нас на
Европско првенство, но во изминатите две години одигравме доволно силни
дуели и мислам дека нема да биде претешко да го надминеме притисокот кој го
носи овој тип натпревари
“ вели
Зајков.

Сите
заедно, како вистински тим треба одново да покажеме дека можеме да се
носиме и надигруваме со најдобрите репрезентации. Ќе ни треба и малку среќа,
сепак ова е прво наше големо натпреварување. Излегуваме да се соочиме со
Шпанија, а тоа е предизвик, одговорност, но и уживање. Позитивниот притисок ќе
биде присутен, но се надевам дека брзо ќе се опуштиме
“ издвои Елмас.

Избраниците на Благоја Милевски во групата „Б“ се во друштво на соодветните селекции на Шпанија, Португалија и Србија.

Последните пет натпревари во сите конкуренции донесоа исто толку и победи, што носи уште поголема надеж за сите љубители на македонскиот фудбал, дека е можно ново чудо, овој пат во Полска.


Извор/Фото:
ffm.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани