На социјалните мрежи се појави видео од средба помеѓу Војчех Шчесни и Кристијано Роналдо во поттрибинскиот простор, Португалецот со насмевка на лицето му порача на голманот дека морал да се пензионира за да потпише со голем клуб.
Во саботата, Португалија гостуваше кај Полска во Лигата на нации, а по крајот на натпреварот, Војчех Шчесни имаше средба со Кристијано Роналдо, со кого делеше соблекувална во Јувентус.
Голманот ја искористи оваа прилика за неговите деца да се сликаат со својот идол, како и да се пофали за потписот со Барса.
„Потпишав со Барселона, но моите деца и понатаму се твои големи фанови“ – му вели Шчесни на Роналдо.
„Знам, знам“ – одговори Португалецот и праша: „Дали си среќен?“
Голманот рече, „Чувството е неверојатно“, по што следеше зајадлив коментар на ЦР7, „Требаше да се пензионираш за да потпишеш со голем клуб“.
Војчех Шчесни во својата кариера го носеше дресот на Арсенал, Рома и Јувентус.
Wojciech Szczęsny 🤝 Cristiano Ronaldo
Vlog z meczu z Portugalią 🇵🇹 wjechał w nocy na YouTube Łączy Nas Piłka 📷 pic.twitter.com/ohF5ut51R3
— Adam Delimat (@a_delimat) October 14, 2024