145
Шкендија потврди дека ја продолжува соработката со својот прв голман.
„Шкендија со задоволство може да соопшти дека ја продолжува соработката со голманот Костадин Захов. Раководството и 33-годишниот голман се договорија за нов договор со траење од 2,5 години“, стои во соопшението на Шкендија.
„Среќен сум што ќе продолжам да го носам овој дрес каде што ги доживеав најголемите успеси во кариерата. Шкендија ми даде многу, но верувам дека и вратив на ист начин и продолжувањето на соработката кажува дека и двете страни се задоволни“, вели Захов.