222
Кога сите очекуваа реми без голови на Чаир, Ристе Темелков постигна гол во 93. минута и донесе победа на Академија Пандев на гостувањето кај Шкупи во првиот меч од четвртфиналето во купот.
Шкендија водеше против Работнички со гол на Жуниор уште во осмата минута, но во 35. минута голманот Дино Захов направи огромен кикс и му овозможи на Стојков да постигне гол за конечни 1-1.
Струга Трим Лук и Ренова одиграа без голови.
Мечот меѓу Брегалница и Лабуништа се игра од 16:30 часот.
Реваншите се на 4 март.
Куп на Македонија четвртфинале:
Шкупи – Академија Пандев 0:1
Шкендија – Работнички 1:1
Струга ТЛ – Ренова 0:0
Брегалница – Лабуништа -:-