Захариевски: Тиквеш е хит на сезоната, но во Скопје доаѓаме по пехарот

by bojan
1 минути читање
Захариевски

Тренерот на Воска, Срѓан Захариевски порача дека неговиот тим е во добра форма и доаѓа во Скопје да се надигрува со Тиквеш и да го освои Купот на Македонија.

Утре на „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра финалето во Купот на Македонија, силите ќе ги одмерат Тиквеш и Воска, кои ќе имаат прилика за прв пат во својата историја да го подигнат пехарот.

„Тиквеш има голема традиција, за разлика од нив, ние сме млад клуб, постоиме три или четири години и ова ни прва сезона во Првата лига. Веднаш стигнавме до историско финале, и тоа е голем успех за нас“ – вели тренерот на Воска, Срѓан Захариевски.

Првенството го завршивме на посакуваното место, па сега одиме да се надигруваме со Тиквеш.

„Тиквеш беше хит во пролетниот дел од сезоната, им честитам за четврото место. Во Кавадарци паднаа и големи шампиони на Македонија, играат навистина добро“.

„Но и ние сме во добра форма, долго време сме без пораз, дојдовме во Скопје да се надигруваме и да го освоиме Купот на Македонија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани