124
Пелистер ја најде замената за Шенсои, битолскиот тим го назначи Срѓан Захариевски за нов тренер.
Захариевски стави потпис на едногодишен договор со Пелистер со можност за продолжување на соработката доколку и двете страни се задоволни.
Срѓан Захариевски во минатото со успех го водеше Металург, ова е негов нов, поголем предизвик во кариерата.
Целта на Пелистер и во новата сезона е излез на европската сцена.