Тренерот на Ал Наср, Жорж Жесус вели дека повредата на Кристијано Роналдо е посериозна од првичните прогнози па напаѓачот ќе мора да патува во Мадрид каде ќе работи со персонален физиотерапевт.
Изминативе денови имаше многу гласини за тоа дали Кристијано Роналдо ја напуштил Саудиска Арабија по избувнувањата на војната во Иран, и иако во прв момент пристигна демант, напаѓачот сепак ќе ја напушти земјата.
Како што брифираше денеска тренерот Жорж Жесус, повредата на Португалецот е посериозна од очекувањата и тој мора да патува во Мадрид каде ќе работи со персонален физиотерапевт.
„Тестовите покажаа дека повредата на Роналдо е посериозна од очекувањата“ – вели Жорж Жесус.
„Па тој ќе мора да оди на третман во Шпанија, исто како и другите играчи кога тие беа повредени“.
„Неговата повреда бара работа со персонален физиотерапевт, па ќе патува во Мадрид. Се надевам дека ќе се врати брзо и ќе му помогне на тимот“.
Одредени извори шпекулираат дека Португалецот поради повреда на задната ложа може да паузира и до четири недели.