Загрижувачки бројки: Манчестер јунајтед е очајно лош во една категорија (ФОТО)

by bojan
1 минути читање
Манчестер јунајтед

Скај Спортс направи анализа на составите на сите 20 клубови од Премиерлигата, односно тоа колку пари се потрошени за да се изградат, и колку вреди истиот состав сега, Манчестер јунајтед е во црвенo од речиси 323 милиони фунти.

„Ѓаволите“ никако да се вратат на шампионските патеки по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, беа потрошени многу пари, сменети неколку тренери, но резултати нема.

Дека нешто не чини на Олд Трафорд говори и последната анализа која ја направи Скај Спортс.

Со бројки од специјализираниот сајт Трансфермаркт, е пресметано колку пари се потрошени да се изградат составите на сите 20 клубови од Премиерлигата, и колку вредат истите во моментов.

На дното е Манчестер јунајтед, кој потрошил околу 1,1 милијарди фунти за сегашниот состав, а тој сега вреди 769 милиони фунти, или минус од околу 322,9 милиони фунти.

Во составот на „ѓаволите“ има многу скапи засилувања како Хари Мегваер, Џејдон Санчо, Антони, Расмус Хојлунд, Касемиро и Онана, кои вредат далеку помалку од сумите кои беа платени за нивен ангажман.

На врвот на табелата се наоѓа Арсенал, кој потрошил околу 826 милиони фунти за сегашниот состав, а истиот сега вреди околу 1,1 милијарди фунти, што е позитива од околу 315,9 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×