Претставници на
Барселона веќе имаа средба со дел од раководството на Борусија Дортмунд, кое
добро ја проценило ситуацијата и на маса го извади нивниот одговор за
заинтересираноста на Барселона, а истиос изнесува 150 милиони евра.
Сепак,
најголемиот ривал на каталонците, се чини дека притиска двојно повеќе за
Дембеле, а целата операција ја води спортскиот директор на клубот, Предраг Мијатовиќ,
ако се издвои дека тој е во одлична комуникација со агентот на Дембеле, Муса
Сисоко, во тој случај Барселона треба да биде загрижена.
Уште една причина
му дава на Реал Мадрид предност во однос на Барселона за Дембеле, а тоа е
Зинедин Зидан, кој сигурно има можност да „интервенира“ кај својот сонародник.
Дополнителна причина е секако фактот што на Зидан одлично му оди сиве овие 20
месеци на клупата на тимот од Мадрид, што воедно е магнет за големите фудбалски
таленти, посебно оние од Франција.