Загриженост на Островот, Газдата на Олимпијакос и Нотингем Форест објави дека е заболен од коронавирус

by
1 минути читање

Сопственикот на
англискиот второлигаш Нотингем Форест, како и грчки Олимпијакос, Евангелос
Маринакис објави дека е заболен од коронавирусот, кој веќе го тресе целиот
свет.

Грчкиот
бизнисмен, чиј Олимпијакос во четврток ќе го пречека на домашен терен
Вулверхемптон во рамките на Лига Европа, на социјалните мрежи со писмо ја
извести јавноста за својата ситуација.

„Вирусот ме посети, чувствувам одговорност да ја известам јавноста
за мојата состојба“ напиша 52 годишниот Маринакис.

„Се чувствувам
добро, ги преземам сите потребни мерки според инструкциите на медицинските лица“
додава тој.

„Силно ги
советувам сите мои сограѓани да го сторат истото, на сите им посакувам брзо
закрепнување“ подвлече Маринакис.

Тој инаку
присуствувал на „Емирејтс“ арената во Лондон за време на гостувањето на
Олимпијакос кај Арсенал во Лига Европа, меч кој се одигра на 27 февруари, а
како што известуваат медиумите на Островот, се вели дека присуствувал и на
последниот меч на Нотингем Форест во „Чемпионшип“ дивизијата на Островот во
петокот.

Маринакис нема да
биде во можност да присуствува на натпревари во следните две седмици со оглед
на тоа што ќе биде во самоизолација тој период според препораките од властите.

Постои голема
загриженост на Островот поради состојбата на Маринакис, таму наведуваат дека
тој присуствувал на мечот во петокот каде на арената присуствувале 27.000
навивачи на трибините, а освен тоа, Маринакис се ракувал и со сите фудбалери на
Нотингем Форест во петокот, секако, имал и други средби во петокот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×