Загинал додека чекал помош: Во израелското бомбардирање убиен и репрезентативец!

by Стефан
1 минути читање

Во бомбардирањето на Израел на Палестина животот го загубил и 25-годишниот репрезентативец на оваа земја. Абдулах Мазен Хавила . Веста за неговата смрт беше потврдена од Фудбалскиот сојуз на Палестина, кој се збогува со фудбалерот на локалниот тим Џабала.

Според првичните информации, Хавила починал додека чекал да му биде укажана медицинска помош по нападот. Оваа трагедија доаѓа во контекст на жестокиот конфликт што ги погодува Палестина и Израел, во кој многу невини жртви, вклучувајќи и фудбалери ги загубија своите животи.

Во изминатите денови, Израел изврши напади врз важни палестински фудбалски објекти, уништувајќи го стадионот „Фајсал Ал-Хусеини“, како и официјалните простории на Фудбалскиот сојуз на Палестина. Палестинските власти тврдат дека од почетокот на конфликтот, Израел има убивано стотици фудбалери, вклучувајќи и национални репрезентативци, а уништени се десетина фудбалски стадиони во појасот Газа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×