„Заедно растевме, се радувавме и плачевме“ – Буфон го поздрави Тоти

by
1 минути читање

Капитенот на „Волчицата“ вчера против Џенова за последен пат истрча на
теренот во дресот на „Џалоросите“.

Па голем број на фудбалери му оддадоа почит на 40 годишниот Франческо Тоти.

Порака до „Принцот од Рим“ испрати и Џиџи Буфон, кој му беше противник на
теренот во Серија А, но заедно во дресот на „Аѕурите“ стигнаа до титула на
Светското првенство во 2006.

„Пораснавме заедно – напиша на Инстаграм голманот на Јувентус, кој исто така наскоро ќе полни 40 години.

„Се среќававме еден
против друг како ривали. Заедно славевме и плачевме
.

„Имај убав живот
Франческо, без разлика кај те води патот и кој е твојот следен предизвик
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани