53
Пресметката
помеѓу Германија и Чиле во Санкт Петербург донесе голема борба на теренот и
неколку мешаници.
Во една таква
ситуација главни актери беа клупските колеги од Баерн Минхен, Артуро Видал и
Џошуа Кимих.
Десниот бек
најпрво се спречка со голманот Браво, па „воинот“ Артуро Видал се замеша и го
зграпчи за врат соиграчот од Баерн.
Набрзо притрчаа
уште неколку други играчи кои ги раздвоија Видал и Кимих, а судијата ја реши
целата ситуација со жолт картон за двајцата фудбалери.
„Тој само беше
нервозен бидејќи губеа со 1-0” – рече Кимих по крајот на натпреварот.
„Најважно е тоа
што титулата ја освои Германија”.
втора.