Дел од медиумите
на Островот пренесуваат дека Манчестер јунајтед своето внимание го свртел кон напаѓачот
на Лион, Александре Лаказет, за кого наводно ќе издвои околу 50 милиони фунти.
За Лаказет како
што е веќе познато, подолг период интерес пријавува Арсенал кој беше
најсериозен претендент за неговиот потпис, по Ливерпул кој се чини дека иако
пријавува интерес, Лаказет не им е приоритет.
Арсенал се обиде со
понуда од 35 милиони евра да го доведе во своите редови одличниот напаѓач, но
Лион експресно ја одби истата.
Манчестер
Јунајтед и дефинитивно е во блага предност во однос на својот најголем ривал за
потписот на Лаказет, можеби најмалку поради фактот што следната сезона ќе игра
во Лигата на шампионите, за таму избори пласман откако го подигна победничкиот
пехар сезонава во Лига Европа.