Веројатно кога ќе
се постави прашањето околу најлудите прослави на погодоците низ фудбалските
терени, тука секако свое место има обезбедено контроверзниот напаѓач на Олимпик
Марсеј, Марио Балотели, но, Гонзало Игуаин за момент може да се „пофали“ дека
можеби и го надмина Италијанецот.
Синоќа Челси
киксираше на домашен терен против Барнли играјќи само 2-2, а еден од погодоците
за домаќините беше дело на Гонзало Игуаин, аргентинскиот напаѓач кој не се
двоумеше во тоа да тргне кон навивачите и со нив да го прослави погодокот.
Меѓутоа, тој и не
се двоумеше голот да го прослави во градите на една навивачка која го пречека
Аргентинецот со раширени раце и полно срце, силно го „зграбчи“ Аргентинецот и
главата му ја стави во своите гради…