За Тотнем следниот месец ќе брани голманот кој Тудор го расплака на меч во Лигата на шампионите

by 24 фудбал
1 минути читање

Тотнем ќе остане без својот прв голман во следниот период, откако клубот одлучи Гиљермо Викарио да замине на хируршка интервенција поради проблем со кила. Одлуката е донесена операцијата да се изврши во текот на репрезентативната пауза, со што ќе се избегне подолг изостанок од натпревари.

Добра вест е дека Италијанецот прво ќе брани на дуелот со Нотингем Форест, по што ќе следи зафатот и рехабилитацијата која се очекува да трае околу еден месец.

Ова значи дека Игор Тудор ќе мора да пронајде ново решение меѓу стативите. Во прв план е младиот Антонин Кински, но неговиот последен настап против Атлетико Мадрид не влева голема сигурност, бидејќи направи сериозни грешки и беше повлечен од игра уште во раната фаза.

Покрај тоа ниту хрватскиот тренер не помогна бидејќи го замени уште во 17. минута, а Кински го напушти теренот во солзи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×