1,8K
Ситуацијата на Вардар е тешка, Самсоненко го напушти клубот со долгови, замина и голем дел од тимот, состојбата е незавидна, па „Комитите“ ги преземаа работите во свои раце.
Обидувајќи се да помогнат во спасувањето на клубот, тие почнаа акција „Билет за спас на Вардар“.
Преку мрежата на МК Тикетс, во продажба се пуштени билети кои чинат по 100 денари. Средствата кои ќе се соберат одат за спас на клубот.
На овој ЛИНК можете комплетно да се информирате за акцијата и да купите билет.