„За шмркање кокаин добиваат суспензија од шест месеци, јас добив две години за сируп против кашлица!“

by bojan
1 минути читање

Папу Гомез наскоро му се враќа на фудбалот, но Аргентинецот се уште не може да се помири со суспензијата од две години и паднатиот допинг тест поради сируп против кашлица.

Папу Гомез со Аргентина триумфираше на мундијалот во Катар, но кратко потоа доби шокантни вести – двегодишна суспензија поради паднат допинг тест.

Причината е банална, напаѓачот се напил сируп против кашлица од неговите деца и заборавил да го пријави кај докторите на Севиља и допинг контролата.

Суспензијата завршува на 18. октомври, па Папу Гомез наскоро ќе му се врати на фудбалот, веќе работи со полна пареа со второлигашот Падова.

„Првите неколку месеци беа многу тешки бидејќи тешко се помирував со тоа што ми се случи, бев на врвот од кариерата, само што го освоив Светското првенство. Но понекогаш животот ви приредува вакво изненадување“ – вели Аргентинецот.

„Си велев, „Зошто сакаат на ваков начин да ме пратат во пензија? Зошто двајца или тројца во костими, кои никогаш не играле фудбал, одлучуваат кога треба да ставам крај на кариерата?““

„Некој ќе шмрка кокаин, или ќе пуши џоинт, а ќе добие шест месеци. Јас добив две години зошто земав од сирупот против кашлица на моето дете. Која е логиката на сето ова?“

„Но еве, го пребродив сето ова, и наскоро ќе се вратам на терените. Бев навистина лут, навистина бесен. Едно време не сакав ниту да гледам фудбал, го исклучував телевизорот. Фудбалот беше мртов за мене. Се изолирав и почнав да работам со психолог бидејќи влегов во круг од кој не можев да излезам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×